Делегација од Катар денеска го посети Израел за да разговара за можното продолжување на четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, објави Ројтерс, повикувајќи се на официјален претставник информиран за посетата.
Катарскиот тим и Израелците разговараа и како да се обезбеди непречено продолжување на прекинот на огнот и ослободување на заложниците.