Обединетите нации соопштија дека денеска во Газа се истоварени 137 камиони со хуманитарна помош. Ова е најголемиот хуманитарен конвој кој од 7 октомври пристигнал во Појасот Газа.

„За време на хуманитарната пауза која е во сила од утринава, ОН успеаја да ја зголемат испораката на хуманитарна помош до и преку Газа“, се вели во соопштението на ОН.

„Газ“ денеска испорача и 129.000 литри гориво и четири камиони со гас. ОН објавија и дека „21 критичен пациент е евакуиран во голема медицинска операција од северна Газа“. Не е јасно каде се евакуирани овие пациенти.

„Стотици илјади луѓе добија помош со храна, вода, медицински материјали и други основни хуманитарни средства“, се вели во соопштението.

ОН го поздравија првичното ослободување на 24 заложници од Газа и го потврдија својот повик за „итно и безусловно ослободување на сите заложници“.

„ООН и партнерските хуманитарни тимови ќе продолжат да ги интензивираат хуманитарните операции за да се задоволат потребите на луѓето низ Газа во наредните денови“, се вели во соопштението.

(Vijesti.ba)