Шефот на Детската агенција на ОН (УНИЦЕФ) го нарече Појасот Газа најопасното место во светот за децата и изјави дека привремениот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас е „далеку од доволно“.
Извршниот директор на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, денеска сведочеше пред Советот за безбедност на ОН дека повеќе од 5.300 палестински деца биле убиени во само 46 дена војна.
„Ова е над 115 мртви деца секој ден, секој ден, секоја недела. Врз основа на овие бројки, децата сочинуваат 40% од смртните случаи во Газа. Ова е без преседан. Со други зборови, денес Појасот Газа е најопасното место во светот за деца“, посочи таа.
(Vijesti.ba)








