Илјадници објави за ужасите што се случуваат во Газа беа избришани од социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и ТикТок, сето тоа на барање на Израел.

Мета, која управува со Фејсбук и Инстаграм, како и со ТикТок, примила повеќе од 8.000 барања од Израел за отстранување на објави поврзани со војната во Газа, соопшти канцеларијата на израелскиот државен обвинител.

Според тоа, 94 отсто од означените содржини беа отстранети.

Речиси 60 отсто од вкупно 9.500 барања за отстранување содржини испратени од обвинителството до големите социјални мрежи беа упатени до матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм.

Канцеларијата на израелскиот државен обвинител изјави за Форбс дека барањата за отстранување до сите гиганти на социјалните мрежи се десеткратно зголемени од 7 октомври.