„Починаа сите пациенти кои беа на одделот за интензивна нега. Сите до еден. Ова се случи поради израелската блокада која трае веќе седум дена. Од воведувањето на блокадата во болницата, повеќе од 54 пациенти веќе починаа Се плашам дека ќе починат и тие што моментално се во критична состојба“, рече Силмија.
Тој нагласи дека и раселените лица се во очајна хуманитарна ситуација.
„Болницата истовремено се претвори во гробишта, затвор и израелска касарна. Израелската војска пука во се што се движи на имотот на болницата“, додаде Силмија.
Телевизијата Ал Хадат претходно објави дека израелската армија не дозволува никој да го напушти болничкиот комплекс, иако тврди дека внатре нема милитанти.
Во извештајот се вели дека Израелците го апсат секој што ќе се обиде да ја напушти болницата, а на Црвениот крст и на другите меѓународни организации не им е дозволен влез во здравствената установа.
