Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во дводневна посета на Германија. За време на средбата со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека израелските напади врз палестинските земји мора да завршат и дека реакцијата на светот на кршењето на човековите права е важна, јавува Анадолија.

Како што информираат од Дирекцијата за комуникации, на средбата одржана во претседателската палата Белви во Германија, се разговарало за нападите на Израел врз Газа, билатералните односи меѓу Турција и Германија и глобалните прашања.

Ердоган за време на средбата изјави дека израелските напади врз палестинските земји мора да завршат и дека реакцијата на целиот свет на кршењето на човековите права е важна.

Тој изјави дека треба веднаш да се воспостави прекин на огнот во регионот и да се достави хуманитарна помош, а човештвото секојдневно губи додека не престане крвопролевањето.

Двајцата лидери истакнаа дека се согласиле дека структурата на две држави е единственото решение за траен мир и се согласиле да работат заедно за да се обезбеди прекин на огнот во регионот и што поскоро да се достави хуманитарна помош во регионот.

Ердоган денес пристигна во Берлин на клучни разговори со германските лидери за војната во Газа и регионалните случувања.

Посетата доаѓа во време на зголемен меѓународен гнев поради воената акција на Израел во Газа, која досега однесе повеќе од 11.500 животи, од кои многу деца и жени.