Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара посети пациенти со тешки болести кои беа евакуирани од Газа.

На аеродромот „Есенбога“ во Анкара доцна синоќа пристигнаа два авиони со 26 болни од рак и нивните придружници, евакуирани од Газа.

Ердоган ги посети пациентите во градската болница Билкент во Анкара, а го придружуваа министерот за здравство Фахретин Коџа и шефот на клиниката за онкологија Ерџан Јени.