Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, повика во понеделникот да се започне со барање долгорочно решение на Блискиот Исток по завршувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Ова го пренесува tportal.

Борел по средбата на министрите на земјите-членки на ЕУ изјави дека на шефовите на дипломатиите им претставил еден вид рамка со одредени услови во оваа смисла. Тој посочи дека оваа рамка треба да има три цврсти „не“ и три „да“.

„Првата е дека не може да има протерување на Палестинците надвор од Газа“, рече Борел. Второто „не“ се однесува на тоа дека не може да има намалување на територијата на Појасот Газа.