Министерството за здравство во Газа соопшти дека го информирале Црвениот крст дека копаат масовни гробници во болницата Шифа, откако не успеале напорите за транспорт на телата.
Портпаролот на Министерството Ашраф Ал-Кудра изјави дека напорите за транспорт на телата од болницата биле неуспешни.
– Поради оваа причина, медицинските екипи и управата на болницата одлучија да ископаат масовна гробница за да ги закопуваат телата во дворот. Ова го пријавивме во Црвениот крст и тие направија копање масовни гробници – објасни Ал-Кудра.
Тој изјави дека екипите со помош на цивилен волонтер се обиделе да подготват 100-120 тела за погреб додека друга екипа копала масовна гробница. Ал-Кудра извести дека погребот може да трае неколку часа.
Тој посочи дека во болницата во моментов има 650 пациенти и повредени, од 500 до 600 медицински персонал и од 5.000 до 7.000 бегалци. Ал-Кудра рече дека условите за живеење во болницата се влошени и дека поради недостаток на електрична енергија и гориво потребни за работа на генераторот, водата рачно се испумпува од бунарот во болничкиот кампус на ограничен начин.








