Официјална Анкара размислува да испрати тужба против Израел до Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг за воени злосторства извршени од нејзината армија во Појасот Газа

За ова прашање било разговарано вчера на состанокот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), со кој претседаваше претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган.

Вреди да се напомене дека турското раководство не може директно да се жали до Хашкиот трибунал, бидејќи не ги потпишал одредбите на Римскиот статут. Но, може да му обезбеди на МКС информации за израелските злосторства преку владини и невладини организации.

На средбата се разговараше и за иницијативата на Република Турција за решавање на блискоисточниот конфликт. На 12 ноември Анкара ќе ги претстави за време на самитот на Организацијата за исламска соработка, што ќе се одржи во Саудиска Арабија, во Џеда.