САД се противат на нова долгорочна израелска окупација на Појасот Газа.

Ова го изјави портпаролот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави. Ведант Пател додаде дека САД не поддржуваат какво било принудно преместување на Палестинците надвор од Газа.

„Нашиот став е дека Палестинците мора да бидат во првите редови на овие одлуки, а Газа е палестинска земја и ќе остане палестинска земја“, рече тој.

Да потсетиме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека го опколиле градот Газа.

„ИД оперира внатре во градот, убивме многу терористи. Хамас сега сфати дека стигнавме до места до кои не мислеа дека ќе стигнеме. Израелските сили ги уништија штабовите, тунелите и базите на Хамас“, рече тој.

(Vijesti.ba)