Турскиот парламент повеќе нема да ги користи производите на компаниите кои ја поддржуваат израелската агресија, изјави во вторник претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш.

– Во Големото национално собрание на Турција нема да користиме никакви производи на компании кои ја поддржуваат израелската агресија – рече Куртулмуш на состанокот во северната турска провинција Орду и додаде:

– Отсега нема да купуваме ништо и ќе го фрлиме она што го купивме претходно.

Појасот Газа е под силно израелско бомбардирање откако палестинската група Хамас започна ненадејна офанзива против Израел на 7 октомври.

Оттогаш, најмалку 10.328 Палестинци се убиени, меѓу кои 4.237 деца и 2.719 жени. Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е околу 1.600.