Саудиска Арабија во вторникот објави дека ќе биде домаќин на два самити на арапски и исламски лидери на кои ќе се разговара за конфликтот во Појасот Газа.

Во соопштението на саудиското Министерство за надворешни работи се вели дека арапскиот самит ќе се одржи во сабота во Ријад, а друг за земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) во недела.

Се додава дека на самитите ќе се разговара за конфликтот во Газа и неговите хуманитарни последици.

Во понеделникот ОИК објави дека на 12 ноември во Ријад ќе се одржи итен самит на кој ќе се разговара за нападот на Израел врз Појасот Газа.

Саудиското Министерство за надворешни работи најави и одложување на арапско-африканскиот самит, кој требаше да се одржи на 12 ноември.

Појасот Газа е под силно израелско бомбардирање откако палестинската група Хамас започна ненадејна офанзива против Израел на 7 октомври.

Оттогаш, најмалку 10.328 Палестинци се убиени, меѓу кои 4.237 деца и 2.719 жени. Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е околу 1.600.