Израелските напади го погодиле влезот на болницата Ал-Шифа во Газа и амбулантните возила кои ги превезуваат ранетите на југ, соопшти Министерството за здравство на Палестина.

Се вели дека десетици луѓе се убиени и а има и голем број на ранети, пренесува aljazeera.com.

Ашраф ал-Кудра, портпарол на палестинското Министерство за здравство во Газа, рече дека сериозно повредените пациенти биле префрлени на преминот Рафа со Египет кога израелско бомбардирање погоди директно пред болницата Ал-Шифа.

-Ги информиравме Црвениот крст и Црвената полумесечина, го информиравме целиот свет дека овие жртви се направени во овие клиники. Ова беше медицински конвој – изјави тој.