Откако пред неколку дена објави дека терористичкиот напад на Хамас врз Израел не може да биде оправдување за „невините животи изгубени во бомбардирањето на цивилното население во Газа“, Анџелина нагласи дека јасно стои покрај сите жртви на војната, без разлика каде се наоѓаат.
„Ова е намерно бомбардирање на заробено население кое нема каде да избега. Газа е затвор на отворено речиси две децении и брзо станува масовна гробница, но 40 отсто од убиените се невини деца. Се убиваат цели семејства“, напиша таа на почетокот на својата објава.
„Додека светот ја следи активната поддршка на многу влади, милиони палестински цивилни деца, жени и семејства се колективно казнети и дехуманизирани бидејќи им се ускратува храна, лекови и хуманитарна помош што го прекршува меѓународното право. Со одбивањето да повикаат на прекин на огнот и блокирањето на Советот за безбедност на ОН да наметне мир, светските лидери се исто така виновни за овие злосторства“, рече Џоли.










