– Меѓународното право налага дека (реакцијата на таков напад) мора да биде пропорционална – изјави премиерот Стјоре во интервју за норвешкиот јавен сервис, пренесува АП.
Тој посочи дека мора да се води грижа за цивилите, што е пропишано со одредбите на хуманитарното право.
Верувам дека Израел сега далеку ја мина границата – изјавил Стјоре и додаде дека негова примарна грижа е итната хуманитарна помош да стигне навреме во Појасот Газа.
Во петокот Норвешка гласаше за резолуција на Обединетите нации со која се повикува на „хуманитарен прекин на огнот и прекин на непријателствата“ во разурнатата палестинска енклава.










