Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ги „откажува“ сите свои планови за патување во Израел и изрази мислење дека „Хамас е група ослободители кои ја штитат својата земја“.
„Имавме планови да одиме во Израел, но тие се откажани. Нема да одиме“, изјавил Ердоган во парламентот.
Ердоган првпат се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во септември во Њујорк.
„Се ракував со тој човек“, рече Ердоган, додавајќи дека Израел ги искористил добрите намери на Турција.
Тој додал дека „односите можеа да бидат поинакви, но за жал, нема да се случат“.
„Нема да најдете друга земја чија армија се однесува толку нехумано“, рече турскиот претседател во врска со одмаздата на Израел во Газа по крвавиот напад на Хамас на 7 октомври, пренесува Франс прес.
Ердоган изјави дека палестинската група не е терористичка организација, туку дека нејзините членови се „група ослободители кои ја штитат својата земја“.
„Хамас не е терористичка група, таа е група на ослободители кои ја штитат својата земја“, истакнал Ердоган.
(ТБТ)









