Сопругата на дописникот на Ал Џезира, Ваел Дахдух, синот Махмуд, кој бил матурант и неговата 7-годишна ќерка Шам, убиени се потврди Ал Џезира. Другите членови на неговото семејство се уште се водат како исчезнати.
Неговото семејство, кое првично живеело во градот Газа, побегнало од израелското бомбардирање за да остане кај роднините во кампот Нусејрат.
Дахдух остана во градот Газа за да продолжи да известува за израелскиот напад врз Појасот Газа.
Додека Дахдух известувал од градот Газа, му било кажано дека воздушен напад, чија цел била зградата, го уништил домот на неговото пошироко семејство.
Тој беше „шокиран“, изјави известувачот на Ал Џезира, Тарек Абу Азум.
Дахдух, искусен новинар на Ал Џезира, „ја пренесуваше вистината на меѓународната заедница и на сите во светот за тоа што се случува на теренот“ кога ја прими веста, рече Абу Азум.
Неговото семејство „живееше во куќа во бегалскиот камп Ал-Нусеират. Цел на израелски авион беше куќата“, додаде тој. Кампот се наоѓа во јужниот дел на Газа, каде што многумина се евакуирани од областите во северниот и централниот дел на Газа.
Aljazeera' s brave veteran journalist Wael Dahdouh's wife, son and daughter were killed in an Israeli airstrike which targeted a shelter house they had fled to. Wael received the news while on air covering the nonstop Israeli strikes on Gaza! pic.twitter.com/G2Z8UreboU
— Mohamed Moawad (@moawady) October 25, 2023










