Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обрати до јавноста и изјави дека сите членови на Хамас се „осудени на смрт“.
„Израелската армија се подготвува за копнена инвазија чија цел е да ги уништи воените капацитети на Хамас“, изјавил тој.
Воениот кабинет на Израел „работи дење и ноќе“ и ќе продолжи додека не постигне победа, додал Нетанјаху.
Тој рече дека нема да открие никакви детали за копнената инвазија, со цел да ги „обезбеди животите на нашите војници“. Сепак, истакна дека времето на почетокот на операцијата на израелските сили (ИДФ) е „едногласно“ поставено од воениот кабинет на Израел.
Тој исто така рекол и дека властите им помагаат на граѓаните „контролирано да набават оружје“.
„Мојата улога е да ја водам оваа земја и нејзиниот народ до целосна победа над нашите непријатели. Ќе се бориме заедно и ќе победиме заедно“, рекол Нетанјаху.
(Vijesti.ba)









