Шефот на израелската дипломатија Ели Коен на платформата Х најави дека нема да ја помине планираната средба со првиот човек на ОН, пренесува Ал Џезира Балканс.
Откажувањето дојде откако Антонио Гутереш рече дека нападот на Хамас на 7 октомври не се случил „во вакуум“ и дека Палестинците биле „подложени на 56 години задушувачка окупација“.
Тој, исто така, изрази загриженост поради „јасното кршење на меѓународното хуманитарно право“ од страна на Израел.
Коен напиша: „Нема да се сретнам со генералниот секретар на ОН“.
– По 7 октомври нема повеќе простор за балансиран пристап – додаде тој. „Хамас мора да биде избришан од светот!“.
(Vijesti.ba)










