Во обраќањето пред Советот за безбедност во вторникот, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш рече дека нападите на Хамас во Израел не можат да го „оправдаат колективното казнување“ на палестинскиот народ, јавува Anadolu.

Тој предупреди дека ситуацијата на Блискиот исток станува се потешка од час во час и дека постои опасност конфликтот во Газа да се прошири на целиот регион.

– Но, поплаките на палестинскиот народ не можат да ги оправдаат страшните напади на Хамас. И тие страшни напади не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ – рече Гутереш.

Тој рече дека е „длабоко загрижен поради јасните прекршувања на меѓународното хуманитарно право на кои сме сведоци во Газа“.

– Да бидам јасен, ниту една страна во вооружениот конфликт не е над меѓународното хуманитарно право – додаде Гутереш.