Неколку лица се водат како исчезнати откако два товарни брода се судрија во близина на германскиот остров Хелиголанд во Северното Море, соопшти во вторникот централната поморска команда за итни случаи.

Бродовите Polesie и Verity се судрија околу 3 часот по локално време на околу 12 наутички милји (22 километри) југозападно од Хелиголанд, што веројатно предизвикало потонување на Verity, се вели во соопштението на централната команда.

Едно лице е извлечено од водата и се лекува, додека уште неколку се водат како исчезнати, се додава.

Спасувачката операција вклучува спасувачки крстосувач, полициски чамци, брод со сензор и хеликоптер, меѓу другото.

Бродот Polesie, кој превезуваше 22 патници, сè уште плови, соопштија властите.

Верити беше на пат од Бремен до англискиот град Имингем. Бродот Polesie пловел од Хамбург до Ла Коруња во Шпанија, пренесува Ројтерс.

(Vijesti.ba)