Портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус изјави за ABC дека Израел најверојатно ќе изврши копнена инвазија на Газа доколку Хамас не се предаде безусловно.

Тој не ја потврди информацијата дека копнениот упад на израелската армија во Појасот Газа е одложен, туку само рече дека израелските сили имаат намера „целосно да го разбијат Хамас“.

– Ако членовите на Хамас ползеа од нивните засолништа, ги ослободија заложниците, сите 212 и се предаа безусловно, тогаш војната ќе беше завршена – изјавил Конрикус и додаде:

– Ако не го сторат тоа, веројатно ќе треба да извршиме копнена инвазија и да го средиме.

Во меѓувреме, израелскиот министер за економија Нир Баркат упати закана до Иран и Либан, велејќи дека неговата земја ќе ги избрише од лицето на Земјата доколку Хезболах отвори северен фронт во војната против Хамас.

Израел има многу јасна порака до нашите непријатели. Им велиме, погледнете што се случува во Газа, истиот третман ќе го добиете ако не нападнете. Ќе ве избришеме од лицето на Земјата – рекол Баркат.