Третиот конвој од 20 камиони со хуманитарна помош во понеделникот влезе во блокираниот Појас Газа преку египетскиот премин Рафах, изјави за агенцијата Anadolu палестинскиот портпарол Ваел Абу Мохсен.
– Дваесет камиони со хуманитарна помош беа пуштени во Газа преку преминот Рафах – рече Мохсен.
Египетската државна новинска агенција (Мена) потврди дека трет конвој камиони со хуманитарна помош влегол во Газа.
Мена објави дека камионите биле натоварени со храна, вода, лекови и други медицински материјали.
Два конвои од 34 камиони со помош веќе влегоа од Египет во Газа во изминатите два дена.
Обединетите нации (ОН) проценуваат дека се потребни околу 100 камиони дневно за да се задоволат потребите на жителите на Газа.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на „итен хуманитарен прекин на огнот“ за да се олесни „епското човечко страдање“.
Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври и ја стави целата енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали.
Израелската армија продолжи со интензивните воздушни напади врз Газа, уништувајќи цели населби.
Најмалку 5.087 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа, додека повеќе од 1.400 луѓе се убиени во Израел од 7 октомври.









