Пилотот, кој не бил на должност, е обвинет за обид за убиство на 83 лица, откако во неделата вечерта наводно се обидел да собори патнички авион, јавува Би-Би-Си.
Осомничениот седел во пилотската кабина на авионот на Алјаска ерлајнс зад капетанот и копилотот, се вели во извештаите.
Авионот летал од Еверет, Вашингтон до Сан Франциско, со 80 патници.
Авионот бил пренасочен во Портланд, Орегон, каде што осомничениот бил совладан без инциденти.
Членовите на екипажот го пријавиле инцидентот во контролата на летот.
На снимката за комуникација на контролата на летање, еден од пилотите може да се слушне како вели: „Имаме момче кое се обиде да ги исклучи моторите во пилотската кабина и не звучи како да прави проблеми во задниот дел во моментов. ”
„Мислам дека е совладан“, се слуша како вели пилотот и бара присуство на полицијата веднаш на пистата, најавувајќи го слетувањето, пренесува Telegraf.rs.
Авионот требаше да слета во Сан Франциско во 19 часот и 30 минути, но летот беше пренасочен кон Портланд во 19 часот и 18 минути.
Авиокомпанијата изјави дека сите патници подоцна го продолжиле своето патување.
(Vijesti.ba)









