Протоколот е испратен на ратификација до Големото национално собрание на Република Турција

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган го потпиша Протоколот за прием на Шведска во НАТО.

Анкара се согласи да ја поддржи Шведска откако доби поддршка за клучните услови, од купување на американски авиони Ф-16 до безвизно патување во Шенген зоната.

Турција, заедно со Унгарија, беше единствената земја што не го ратификуваше влезот на оваа скандинавска земја во воениот сојуз.

Турција се согласи да и дозволи на Шведска да се приклучи на НАТО по разговорите зад затворени врати меѓу шефот на НАТО Јенс Столтенберг и лидерите на двете земји пред самитот на НАТО во Литванија.

(Vijesti.ba)