Повеќето австриски новински извори денеска известуваат за антисемитски инцидент што се случил во центарот на Виена во петокот вечерта пред синагога. Тогаш израелското знаме беше насилно отстрането, како што е документирано во видеото објавено на интернет од членот на одборот на Светскиот еврејски конгрес Бини Гутман.
Виенската полиција го потврди инцидентот, наведувајќи дека се случил во раните утрински часови меѓу петокот и саботата. Според Гутман, инцидентот е дополнителен показател за сериозноста на ситуацијата за еврејската заедница во Европа. На видеото, кое го споделија и австриските медиуми, се прикажани двајца млади момчиња како насилно го вадат израелското знаме над влезната врата на синагогата. Во близина може да се види млада жена како симулира пукање од митралез и остава искинато израелско знаме на земја.
Gestern Nacht gab es einen antisemitischen Angriff auf den Wiener Stadttempel. Unter Gejohle reißt eine Person die israelische Flagge die die Synagoge gehisst hatte hinunter, eine andere Person imitiert ein Maschinengewehr.
Die Lage ist auch für Juden:Jüdinnen in Europa ernst. pic.twitter.com/kfGscFBt5Q
— Bini Guttmann (@Bini_Guttmann) October 21, 2023
Поставувањето на знамињата на странски држави на јавни места е предмет на локални и национални закони и прописи. Постои збир на правила со кои се регулира употребата на национални и странски знамиња. Општо земено, знамињата на странските земји обично можат да бидат јавно истакнати за време на меѓународни настани, посети на странски државници или прилики како што се меѓународни спортски натпревари.
Сепак, секогаш е препорачливо да се консултирате со локалните власти или правни експерти за да се осигурате дека истакнувањето на знамињата целосно е во согласност со локалните и националните закони. Знамето на странска држава нема работа пред црква, синагога или џамија.
Изгледа новинарите „го пропуштија“ исто како што „промовираа“ убиства на невини деца во Газа. Важно е само да се оцрнат муслиманите и да се подготви европското население за војната што сигурно доаѓа.










