Повеќе од 500 луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз болницата El Ehli Baptist во Газа изјави портпаролот на Министерството за здравство Ашраф ал-Кудра за агенцијата Anadolu.

На видеото од местото на настанот се гледаат трупови во болницата.

Воздушниот напад дојде 11 дена по почетокот на израелскиот конфликт со групата Хамас, додека се поголем број меѓународни невладини организации и светски лидери велат дека кампањата на Израел за бомбардирање на опколениот Појас Газа, вклучувајќи медицински установи, домови и места за богослужба, го крши меѓународното право и може да претставува воено злосторство.

Хамас изјави дека израелското гаѓање на болницата е „геноцид“.

Газа се соочува со хуманитарна криза без струја, додека водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај. Цивилите бегаат на југ по израелското предупредување да ги евакуираат северните области.