Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), во Палестина, откри дека во Појасот Газа има 50.000 бремени жени кои не можат да добијат основни здравствени услуги.

Меѓународното тело додаде во соопштението на X: „50.000 бремени жени во Газа не можат да пристапат до здравствени услуги, oд кои 5.500 ќе се породат овој месец“.

„На овие жени им е потребна итна здравствена заштита и заштита“, се нагласува, повикувајќи ги „сите страни да се придржуваат до нивните обврски според меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права“.

Претставникот на Фондот, за Палестина, Доминик Ален, во интервју за „CNN“ рече дека „самиот здравствен систем во Газа е критичен. Под напад е, на работ на колапс“, додавајќи.

„Овие трудници за кои сме сериозно загрижени немаат каде да одат. Тие се соочуваат со незамисливи предизвици.“

„Замислете да го поминете тој процес во последните фази и вашиот последен триместар пред породувањето, со можни компликации, без облека, без хигиена, поддршка и несигурни што ќе донесе следниот ден, следниот час, следната минута за нив и за нивните неродено дете“.

Тој нагласи дека „кажувањата што излегуваат од болниците биле потресни. Една акушерка во породилната болница во Газа му кажала на Ален дека од почетокот на конфликтот, некои акушерки не можат да стигнат ниту до породилното одделение за да пружат помош поради небезбедната средина.

Тој истакна дека „хуманитарната помош и испораките за Газа мора да бидат дозволени. Мора да се отвори хуманитарен коридор и да се почитува хуманитарното право. Затоа, бремените жени мора да добијат пристап до оние здравствени услуги кои спасуваат животи“.