Агенцијата за помош на ОН која работи во Газа соопшти дека нејзините засолништа во северниот дел на територијата повеќе не се безбедни – нарекувајќи го тоа без преседан.

– Оваа војна не треба да биде исклучок. Заштитата на цивилите и цивилната инфраструктура, вклучително и зградите на ОН, се однесува и на овој конфликт, се вели во соопштението на УНРВА.

Се додава дека и покрај наредбата на израелските власти Палестинците да го напуштат југот, многу луѓе, вклучително и бремени жени, деца, стари лица и лица со посебни потреби, нема да можат да побегнат од крутото подрачје.