Американскиот државен секретар Антони Блинкен за време на посетата на Израел вети дека Соединетите држави „секогаш“ ќе го поддржуваат Израел, но рече дека Палестинците исто така имаат „легитимни аспирации“ кои не се претставени од милитантната група Хамас.

– Можеби сте доволно силни за да се одбраните – рече Блинкен за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху додека беснее војната меѓу Израел и Хамас.

– Но, додека постои Америка, никогаш нема да морате. Секогаш ќе бидеме покрај вас – изјавил тој.

Во солидарната посета додека израелската војска го напаѓа Хамас по нападите викендов во кои загинаа 1.200 луѓе во Израел, Блинкен, исто така, објави нов биланс на жртви на американските граѓани, велејќи дека најмалку 25 се потврдени мртви.