Израел попладнево формираше влада на национално единство, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху и лидерот на опозициското Национално единство Бени Ганц се сретнаа во седиштето на израелските одбранбени сили (ИДФ).
Како што пренесува „Џерусалим пост“, средбата траела час и половина, по што пратениците од партиите Ликуд на Нетанјаху и Националното единство останале да ги финализираат деталите.
Како дел од договорот, Ганц и неговиот партиски колега Гади Ајзенкот ќе положат заклетва како министри и ќе се приклучат на воениот кабинет, во кој се Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант.
Претходно имаше повици за влада на национално единство во Израел откако Нетанјаху му објави војна на Хамас, по нападот на палестинската милитантна група.
На Ганц вербално му се придружија опозициските водачи Јаир Лапид и Авигдор Либерман, кои рекоа дека се подготвени да бидат дел од оваа влада.
Сепак, како што наведува „Тајмс оф Израел“, иако позицијата во владата е отворена за Лапид, тој досега одбиваше да влезе во владата доколку таму се присутни двете крајнодесничарски партии, Религиозен ционизам и Отзма Јехудит.
Нетанјаху и Ганц имаа неколку средби во претходните денови на кои разговараа за деталите за владата на национално единство, пренесува Независне новине.
(Vijesti.ba)










