Соединетите Американски Држави (САД) немаат намера да испраќаат копнени трупи во Израел за време на војната со палестинската група Хамас, објави во понеделникот Белата куќа.
– Нема намера да испраќаме војници на терен – изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, додавајќи дека САД ќе ги штитат и бранат своите национални безбедносни интереси „каде и да се наоѓаат овие интереси, особено во овој дел од светот“.
Кирби рече дека првата транша од безбедносната помош за Израел е „веќе на пат“.
– Ќе треба да објавиме повеќе за помош во наредните денови за да се осигураме дека ниту еден непријател на Израел не верува дека може или треба да се обиде да ја искористи сегашната ситуација – додаде тој.










