Ердоган порача дека Турција продолжува и ги интензивира дипломатските активности со цел обнова на мирот и изрази подготвеност Турција да направи се што е во нејзина моќ со цел да се запре конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас, како и со цел да се намали растечките тензии.
Сепак, Ердоган смета дека „реализацијата на независна, географски интегрирана палестинска држава со Ал Кудс (Ерусалим) како главен град е неопходност што не може повеќе да се одложува“.
Според Ердоган, ова е решение за палестинско-израелскиот проблем, што би резултирало со траен мир на Блискиот Исток.
„Прашањето за Палестина е во основата на проблемите во нашиот регион. Ако ова прашање не се реши праведно, нашиот регион ќе продолжи да копнее за мир“, рече Ердоган и додаде дека „оние кои замижуваат пред злосторствата од омраза, за жал, ја поткопуваат волјата на различните култури да живеат заедно во мир“.










