Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган е реизбран за шеф на Партијата на правдата и развојот (АК Парти), откако ги доби сите 1.399 валидни гласови на четвртиот вонреден конгрес на партијата што се одржа денеска во Анкара.

Изборите за претседател на партијата беа заклучени на четвртиот вонреден конгрес на АК Партијата што се одржа во Спортската сала во Анкара.

Претседателот на Конгресниот совет Али Ихсан Јавуз изјави дека од 1.402 дадени гласа, 1.399 се валидни. Ердоган ги освои сите 1.399 валидни гласови и беше реизбран за шеф на партијата.

Со истото гласање беа утврдени Централниот комитет и Извршниот комитет на АК Партијата кој брои 75 членови