Израелскиот министер за енергетика и инфраструктура Израел Кац изјави дека Израел ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија на Појасот Газа.
– Потпишав наредба со која и се наложува на израелската електрична компанија да го прекине снабдувањето со електрична енергија за Газа – рече Кац.

Прекините на струја се секојдневна појава во Газа. Енергетските власти на Газа соопштија дека 80 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Појасот е прекинато по соопштението на Израел.

Пред изјавата на Кац, жителите на Газа веќе известуваа за почести прекини на електричната енергија од почетокот на израелските напади утринава.

Појасот добива најголем дел од својата моќ од Израел, заедно со дополнителни извори од единствената електрана во Газа и мала количина од Египет. И електраната и индивидуалните генератори на многу луѓе зависат од дизел горивото, а залихите се носат преку Израел, јавува Би-Би-Си.

(Vijesti.ba / ФЕНА)