Арапската лига и Катар остро го осудија терористичкиот напад во турската престолнина Анкара и испратија пораки на солидарност со братска Турција, јавува Anadolu.

Портпаролот на генералниот секретар на Арапската лига Џамал ​​Ружди преку соопштение го осуди терористичкиот напад.

– Изразуваме солидарност со Турција во борбата против сите групи кои го користат тероризмот како метод на дејствување или како алатка за постигнување политички цели – рече Рушди.

Според катарската новинска агенција QNA, Министерството за надворешни работи на Катар издаде соопштение во врска со терористичкиот напад во Анкара.

Во соопштението најостро се осудува терористичкиот напад пред Министерството за внатрешни работи во Анкара и се нагласува дека Катар целосно се солидаризира со турската влада и нејзиниот народ во борбата против тероризмот.

Двајца терористи, кои со мало возило пристигнале пред влезот на Генералната дирекција на полицијата во Анкара, утринава во 9 часот и 30 минути по локално време извршиле бомбашки напад. Еден од терористите се разнел, а другиот терорист е неутрализиран. При пукањето на отворено, двајца турски полицајци биле полесно ранети.