Најмалку 57 лица загинаа, а повеќе од 140 се повредени во два бомбашки напади што се случија денеска во пакистанските провинции Балучистан и Хајбер Пахтунхва.
Првата експлозија се случи во близина на џамија во областа Мастунгу во време кога луѓето се собираа на програма по повод роденденот на пророкот Мухамед.
Локалните медиуми јавуваат дека најмалку 52 лица, меѓу кои и еден полицаец, загинале во експлозијата, а повеќе од 130 луѓе се ранети.
Локалните власти тврдат дека се работи за самоубиствен бомбашки напад.
Втората експлозија се случи во џамија во областа Хангу.
Според првичните информации, во тој напад загинале најмалку пет лица, а 12 се ранети. Меѓу загинатите има и полицаец.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.










