И тоа се случува! И не помалку од Израел, познат по својата силна безбедносна архитектура и организирани и ефикасни вооружени сили.
Еве за што се работи:
Надлежните израелски власти се обидуваат да откријат како тежок тенк на израелските одбранбени сили (ИДФ) бил „украден од воен полигон, откако бил откриен на депонија“. За ова пишува агенцијата АП во четврток, 21 септември.
Станува збор за израелски тенк Меркава 2 кој исчезна од тренинг област на северот на земјата, во близина на крајбрежниот град Хаифа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) за овој инцидент известија денес.
Тоа е област за обука која е затворена за јавноста за време на вежбите, но инаку е достапна за случајни посетители, според АП.
Според полицијата, тенкот, вообичаено тежок 65 тони, бил пронајден оставен на депонија во близина на воената база, а во него не била пронајдена муниција.
Израелското Министерство за одбрана пријавило кражба на тенк од воена тренинг база во близина на центарот Елиаким во северен Израел, се вели во соопштението на полицијата, а пренесува Ал Џезира.
Видеото од местото на настанот покажува воен тенк кој стои покрај ‘рѓосани парчиња метал и други индустриски отпадоци.
????#BREAKING Israeli Ministry of Defense reports that an IDF tank was stolen from a military training base in northern Israel
Israel Police, IDF have launched an investigation into the incidenthttps://t.co/x8L0UQoE2c pic.twitter.com/rJnqEMc6hn
— i24NEWS English (@i24NEWS_EN) September 20, 2023