Врската меѓу европската кошарка и Блискиот Исток вртоглаво расте, а тоа го потврди и одлуката на учесникот во Еврокупот да се пресели во Дубаи.
Кошаркарскиот клуб „Волци/Vulvs“ од Литванија го пресели своето седиште во ОАЕ и таму ќе ги игра домашните натпревари во второто најсилно европско натпреварување.
Оваа информација ја сподели „Dubai Media Office“ на својот Твитер профил.
Во видеото се присутни претседателот на клубот Римантас Каукенас и амбасадорите Кршиштоф и Дариус Лавриновиќ, легенди на литванската кошарка.
Што се однесува до самиот клуб, сопственик на Волвс е најбогатиот човек во земјата, Гедиминас Зимелис, а тимот е основан пред нешто повеќе од една година.
Минатата сезона дебитираа во националниот шампионат, а удел има и центарот на Њу Орлеанс Пеликанс, Јонас Валанчиунас.
Од клубот не се огласија со официјално соопштение, но останува да се види како ќе се усогласат обврските во првенството и Еврокупот и што ќе каже бордот на Евролигата за тоа.









