Бројот на загинати во синоќешниот земјотрес во центарот на Мароко се искачи на 820, јави државната телевизија, повикувајќи се на министерот за внатрешни работи.

Најмалку 672 лица се повредени.

Снимката од 850-годишната џамија Кутубија во Маракеш е споделена на социјалните мрежи по синоќешниот земјотрес што го погоди градот.

Корисниците на социјалната мрежа Х коментираат дека џамијата изгледа како да е пред колапс. Околу зградата се забележува прашина.

Синоќешниот земјотрес беше најсмртоносниот во Мароко од 2004 година.

Синоќешниот земјотрес беше најсмртоносниот што го погоди Мароко од земјотресот во Ал Хосеима во 2004 година.

Тоа се случи во раните утрински часови на 24 февруари во близина на градот на брегот на Средоземното Море. Бил со помала магнитуда, 6,3 во однос на синоќешните 6,8 степени според Рихтеровата скала. Во земјотресот во 2004 година, над 600 луѓе загинаа, а повеќе од 900 беа повредени.

Околу 15.000 луѓе тогаш останаа без покрив над главата.

(Vijesti.ba)