Рускиот претседател Владимир Путин ја одликуваше 24-годишната ќерка на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, Ајшат Кадирова со Орден за заслуги за татковината II. степен.

Ајшат Кадирова е наградена „за нејзините заслуги во развојот на националната култура и уметност, како и долгогодишната плодна и творечка дејност“, пренесува Медуза.

Ајшат Кадирова е министер за култура на Чеченија од октомври 2021 година. Пред тоа една година работела како заменик министер за култура на Чеченија. Пред државната служба, ќерката на Кадиров три години ја водела исламската модна куќа Фирдус. За тоа време и беа доделени медалите „За заслуги на Чеченската Република“, „За заштита на човековите права“ и „За заслуги во работата“, титулата почесен културен работник на Чеченија и Орденот Кадиров, кој е највисоката декорација во Чеченија.

„Овој развој на настаните воопшто не е изненадувачки бидејќи, како и во секоја диктатура, особено во диктатура на постсоветскиот простор, Рамзан Кадиров ги поставува сите свои роднини и сите негови роднини на многу високи позиции“, Лана Естемирова, писателка и активист од Чеченија, која живее во Велика Британија.

Кадиров ја назначи својата ќерка за министерка откако на изборите беше реизбран за лидер на Чеченија со 99,7 отсто од гласовите. Кадиров е обвинет за нарачување на убиства на политички противници во земјата и во странство и за насилство врз ЛГБТК луѓето. Чеченскиот лидер е на списокот со санкции на ЕУ и САД, а од 2020 година неговите две ќерки Ајшат и Хутмат Кадирови се исто така на списокот со санкции на американскиот Стејт департмент поради нивната вмешаност во кршење на човековите права.

Во мај оваа година, 20-годишната ќерка на шефот на Чеченија, Хутмат Кадиров, беше одликувана со Орден Кадиров за нејзиниот „голем придонес во развојот на медицината“. Хутмат Кадирова беше назначена на функцијата супервизор за здравствена заштита во Чеченија (позиција што дотогаш не постоела) неколку месеци пред да ја добие наградата.

(ТБТ)