Непознато лице или лица синоќа оставиле свинска глава на влез од џамија во Грац, Австрија.
Џамијата работи во рамките на Австрискиот турско-исламски сојуз за култура и социјална помош (ATIB).

„Остро го осудуваме овој напад. Почитувањето на местата за богослужба, верските чувства и институциите се меѓу неопходните сегменти на сите модерни општества“, велат од АТИБ.

Умит Вурал, претседател на Австриската исламска заедница (ИГГО), која ги претставува муслиманите кои живеат во Австрија, рече дека внимателно го следат нападот на џамијата и дека се во контакт со локалните власти.

„За жал, нашите џамии веќе неколку години беа цел на напади во Грац. Ова е прашање што треба да се сфати многу сериозно. Го осудуваме овој грозоморен напад“, рече Вурал.

Тој изрази надеж дека нападот ќе биде решен што е можно поскоро.

Во Грац, на влезот во џамијата во 2016 година била оставена свинска глава.

(Vijesti.ba)