Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави лет на националниот борбен авион КААН до крајот на 2023 година.
Зајакнувањето на турските вооружени сили е неопходно за Турција да биде моќна земја, рече Ердоган во средата.
– Од нашите горчливи искуства многу добро знаеме дека не може да има силна Турција без силна армија – рече Ердоган на церемонијата во Анкара.
Тој нагласи дека е неопходно да се има силна, модерна и дисциплинирана армија со висок степен на одвраќање.
– Направивме многу историски чекори кои ќе ја зајакнат нашата армија. Буквално напишавме еп во областа на одбранбената индустрија – нагласи Ердоган.
Тој изрази надеж дека наскоро ќе се зафатат со продажба на системи за противвоздушна одбрана на оние кои одбиваат да им дадат системи за противвоздушна одбрана под неосновани изговори.
Осврнувајќи се на турскиот борбен авион КААН, Ердоган рече:
– Да се надеваме дека ќе видиме нашиот авион да полетува пред крајот на 2023 година.










