Веќе извесно време се зборува за можност за одржување на руско-турски самит откако се увери дека Владимир Путин не сака лично да дојде во Турција, како што беше најавено и очекувано во таа земја во текот на август. Сега најчесто се зборува за средбата на двајцата државници во рускиот црноморски бисер Сочи.
Како што изгледа, денес ваквите навестувања конечно се потврдени.
Разговорите меѓу претседателите на Турција и Русија ќе се одржат на 4 септември во Сочи, објави денес, 29 август, турската телевизија Хабертурк, повикувајќи се на свои извори во Анкара.
„Во ситуација кога претседателот Владимир Путин не можеше да дојде во Турција, нашиот претседател ќе оди во Русија. Ќе го откриеме датумот: Претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе го посети Сочи на 4 септември“, се вели во пораката.
Претходно, портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, говорејќи за претстојната средба меѓу Путин и Ердоган, изјави дека таа ќе се одржи во блиска иднина и дека има договори за објавување на датумите до кои Кремљ се придржува.
Некои медиуми претходно го најавија вториот датум на средбата на двајцата лидери во Сочи – 8 септември.







