Грција е соочена со најголемиот пожар досега забележан на територијата на Европската унија, изјави Балаш Ујвари, портпарол на Европската комисија.
Тој посочи дека 27-те земји-членки на ЕУ во моментов мобилизираат речиси половина од заедничките европски воздушни сили за да и помогнат.
За помош на Грција од европската флота биле испратени 11 авиони и хеликоптер. Пожарот го зафати националниот парк Дадија на североистокот од земјата, каде што беа испратени 407 пожарникари.
Во август, Грција го активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ по втор пат ова лето, а ЕУ распореди 11 авиони rescEU од неколку земји.
11 дена грчките пожарникари се борат со пожарот кој беснее во националниот парк кој е познат како живеалиште на бројни ретки птици грабливки. Пожарот кој се протега по фронт од речиси 10 километри се уште е надвор од контрола.
BREAKING: Current Greece fire is the biggest wildfire ever recorded in the European Union. pic.twitter.com/CZ8zo7oC1f
— The General (@GeneralMCNews) August 29, 2023
