Многу силно невреме со обилни врнежи, ветер и град го зафати западот на Словенија. Делови од државата останаа без струја, вода влегла во поголем број на продавници. Невремето подоцна започнало да се движи кон долината Випава и Горишка. Во Ајдовшчина веќе паднал и град со големина на јајце.
Силно невреме претходно го зафати и крајбрежјето. Поради краткотраен обилен дожд, водата ја поплави улицата Складишчна во Изола. Водата упадна во некои продавници, поплавен е и плоштадот Прешернов, јавува читател на 24ур.

Од Центарот за сообраќај и информации предупредуваат дека има одрони на одредени делници од патните правци на подрачјето меѓу Сеча и Изола и меѓу Драгоња и Копер. Поплавени се и плажата Порторож и центарот на градот. Според податоците на словенечката агенција за животна средина, на блискиот аеродром до три и пол попладне веќе наврнале дури 92 литри дожд на метар квадратен.
Во продолжение погледнете како изгледаше сето тоа:









