Змија со две глави дошла на сцет во егзотична продавница за миленичиња во Девон, Англија. Станува збор за шилеста змија која излегла минатиот месец во Exeter Exotics во Ексетер.
Ова е исклучително ретко, всушност, шансата е една од 100 илјади. Сопственичката на продавницата Алиша Џонс изјавила дека била шокирана и многу изненадена кога сфатила дека малата змија има две глави, пишува Би-би-си.
Таа објаснила и зошто тоа се случило: од тоа јајце требало да излезат две змии, близнаци, но ембрионот не се одвоил, па на свет дошло животно со две глави.
– Бев шокиран. Ова е неверојатно ретко. Тоа е фасцинантно, но и тажно. Имено, змиите родени со две глави обично имаат пократок животен век од другите змии. Затоа, ако почувствуваме дека е дојдена до фаза во која нејзината состојба се влошува, не е добро или страда, ќе мора да донесеме тешка одлука – рече таа.










