Полска евакуира град поради откривање на неексплодирана бомба од Втората светска војна

by Administrator

Полските власти наредија евакуација на околу 14.000 жители во источниот град Лублин по откривањето на неексплодирана бомба од Втората светска војна.

Локалните извори јавуваат дека евакуацијата на жителите започнала утрото и треба да заврши пред пладне.

Сите институции во градот се затворени, а градските служби со автобус ги носат мештаните до стадионот. Посебни се аранжмани за инвалидите и лицата на кои им е потребна грижа.

Од кабинетот на градоначалникот соопштија дека делот од Лублин каде е пронајдена бомбата ќе биде целосно блокиран при деактивирање на бомбата.

You may also like