Катастрофа во Словенија: Армијата го активираше планот „Виор“, поплавени градови, хеликоптери спасуваат луѓе…

by Administrator

Апокалиптичните сцени доаѓаат од Словенија, која повторно беше зафатена од обилните врнежи.

Во текот на ноќта наврна големо количество дожд на север, северозапад и дел од централна Словенија, а многу градови се под вода.

Локалните власти ги повикуваат жителите на погодените области да останат дома и да се засолнат. Реките се излеаваат од коритата на многу места, меѓу кои Мозирје, Коменда, Медводе, Камник и Жири.

– Во Корушка многу патишта се затворени за сообраќај, реките веќе ги преминаа своите корита, многу куќи и подруми се поплавени, а предизвикани се и бројни одрони – соопшти денеска словенечката управа за заштита и спасување.

Во подрачја со обилни врнежи и поплави има и прекин во снабдувањето со електрична енергија. Во моментов најлошо е во Корушка и во Згорњосавињската долина, во Цеље најверојатно без струја има 12.000 корисници.

Во реонот од Равно на Корошкем до Черна на Корошкем целата област е без струја. Исто така, без струја е и просторот од Назари до Логарска долина, пренесе Електро Целје.

Хеликоптери ги спасуваат и заробените во Шкофја Лока. Во Отишко Врх, на патот Словењ Градец – Дравоград се урна дел од мостот на Мислиња. Патот е затворен.

Можно е да е слика од водна површинаНема опис за фотографијата.

You may also like